fbpx

Николовски поднесе кривична пријава против службено лице од МЗШВ

-

Утврдени се неколку прекршувања на законот во работата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, тврди дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски, повикувајќи се на конечниот извештај од 65 страници на овластениот државен ревизор за периодот од 2013 до 2015 година.

„Бидејќи сите факти утврдени во ревизорскиот извештај не допираат до Јавното обвинителство за да постапува по нив, ние поднесовме кривична пријава против службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое постапувало спротивно на законите во РМ, а со таквото работење нанело штета и на средствата на буџетот на РМ и потешко ги повредило правата на закупците“, соопшти дополнителниот министер Николовски.

Водејќи се според ревизорскиот извештај, Љупчо Николовски констатира дека не бил извршен увид за да се потврди фактичката состојба на површините што се објавуваат во јавните огласи за давање под закуп и кои се утврдуваат врз основа на распложливите катастарски податоци, содржани во имотните листови од Агенцијата за катастар. Дополнителниот министер додава дека не е предложено спроведување на инспекциски надзор, ниту се преземени сите потребни мерки и активности за утврдување на причините кога дел од избраните најповолни понудувачи доставиле изјава заверена на нотар дека се откажуваат од договорот.

„Сите акти што ги изработувала и ги потпишувала Комисијата за спроведување постапка по еден оглас, кои се однесуваат на различни региони, се заведувале под ист деловоден број и датум“, тврди заменик-министерот Николовски.

Според него, биле склучени договори за закуп на површини поголеми од 10 хектари иако избраните најповолни понудувачи не доставиле банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот. Тој тврди и дека не биле преземени мерки за наплата на закупнината, така што за периодот од 1999 до 2013 година се водат 282 субјекти за износ од 162.134.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...