fbpx

Бугарскиот парламент ја прифати оставката на премиерот Бојко Борисов

-

Бугарскиот парламент, со 218 гласа „за“ и двајца воздржани пратеници, денеска ја прифати оставката на премиерот Бојко Борисов.

На 14 ноември, Борисов до народното собрание на Бугарија поднесе оставка на наговата влада, поради победата на независниот кандидат за претседател на Бугарија, Румен Радев, поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Од утре ќе почнат консултациите за состав на новата влада која треба да ја сочинуваат стручњаци, кои ќе ги организираат предвремените парламентарни избори.

Борисов е на власт од 2009 година, а неговиот мандат требаше да истече во 2018 година.

Румен Радев ќе ја преземе должноста претседател на Бугарија на 22 јануари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...