fbpx

Бугарската влада поднесе оставка

-

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска до народното собрание на Бугарија поднесе оставка на наговата влада.

Во писмото со оставката Борисов напоменува дека владата ќе продолжи да ги извршува своите функции сè до изборот на нов министерски совет и дека ќе обезбеди континуитет во управувањето со земјата.

Борисов ја најави оставката уште синоќа, по победата на независниот кандидат за претседател на Бугарија, поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП), Румен Радев.

Борисов изјави дека во Бугарија „има нова политичка ситуација“ и дека е очигледно оти се создало ново мнозинство, кое ќе треба да формира нова влада.

Борисов се заложи и за свикување на големо народно собрание, специјализирана законодавна институција во Бугарија, која има проширен состав во споредба со редовното народно собрание и има ексклузивни права да решава за одредени прашања, вклучително и за промена на уставот.

Тој оцени дека станало јасно оти нешто не е во ред со актуелната политичка класа и со актуелниот начин на управување.

– Многу луѓе се чувствуваат незадоволни и јасно е дека повеќе од 3,5 милиони Бугари сакаат промени – изјави Борисов, заложувајќи се, меѓу другото, и за намалување на бројот на пратениците во бугарскиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...