fbpx

Пакистан протерува наставници поврзани со Фетулах Ѓулен

-

Пакистан наложи депортација на повеќе од 450 лица, меѓу кои 130 наставници, поради нивни наводни врски со имамот Фетулах Ѓулен, а во пресрет на најавената посета на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Како што се наведува, наставниците и членовите на нивните семејства ќе добијат 72 часа да ја напуштат земјата.

Анкара го обвинува Ѓулен дека организирал неуспешен воен пуч во Турција, кон средината на јули, што тој го демантира.

Светските агенции јавуваат дека се протеруваат наставници од приватните меѓународни училишта и колеџи „Пак Турк“, кои ја поддржуваат ѓуленовата група „Хизмет“.

Се проценува дека школите ги посетуваат повеќе од 10.000 ученици во Пакистан.

Ердоган би требало утре да допатува во дводневна посета на Исламабад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...