Пакистан наложи депортација на повеќе од 450 лица, меѓу кои 130 наставници, поради нивни наводни врски со имамот Фетулах Ѓулен, а во пресрет на најавената посета на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Како што се наведува, наставниците и членовите на нивните семејства ќе добијат 72 часа да ја напуштат земјата.
Анкара го обвинува Ѓулен дека организирал неуспешен воен пуч во Турција, кон средината на јули, што тој го демантира.
Светските агенции јавуваат дека се протеруваат наставници од приватните меѓународни училишта и колеџи „Пак Турк“, кои ја поддржуваат ѓуленовата група „Хизмет“.
Се проценува дека школите ги посетуваат повеќе од 10.000 ученици во Пакистан.
Ердоган би требало утре да допатува во дводневна посета на Исламабад.