fbpx

Српската полиција спречи мигранти илегално да преминат во Хрватска

-

Стотина мигранти од Авганистан и од Пакистан, кои во петокот тргнаа пеш од Белград кон Хрватска, денеска попладне во близина на Шид се обидоа да ја пробијат полициската блокада и илегално да ја преминат границата, но српската полиција ги спречи во тоа.

– Мигрантите биле во меѓузоната на двете држави, но полицијата ги вратила назад и сега се на простор од околу 200-300 метри одалеченост од границата – изјави портпаролот на Комесеријатот за бегалци и мигранти на Србија, Иван Мишковиќ.

Тој додаде дека претставници на комесаријатот и понатаму ги убедуваат мигрантите да го прифатат сместувањето во некој од прифатните центри во Србија, но засега не успеваат во тоа.

Мигрантите, главно млади мажи, кои кон Хрватска се упатиле пеш во знак на протест, до границата стигнале вчера и ноќта ја поминале на отворено.

Откако околните земји членки на ЕУ ја зголемија граничната контрола, во Србија останаа околу 7.000 мигранти кои се оневозможени да го продолжат патот кон некоја од земјите од Западна Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...