fbpx

Ердоган ѝ порача на ЕУ: Ќе бидеме трпеливи до крајот на годинава

-

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека ќе причекаат до крајот на годината за да видат дали има напредок во преговорите за приклучување кон ЕУ или ќе распишат референдум за членството во европското семејство.

– Мора да одлучите веднаш… Имаме трпение до крајот на годинава, а потоа ќе одлучи народот – рече Ердоган.

Тој ја осуди изјавата на претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, кој рече дека ЕУ би можела да воведе санкции кон Турција. Исто така, ги осуди членките на ЕУ кои го дозволуваат дејствувањето на Курдската работничка партија на своја територија.

Во меѓувреме, портпаролот на владата, Нуман Куртулмуш, рече дека извештајот на ЕУ за напредокот на Турција е „пристрасен и непријателски“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...