fbpx

Европската комисија ја повтори условената препорака за Македонија

-

Европската комисија и оваа година ја повтори условената препорака за членство на Македонија во Европската Унија.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, кој го презентираше извештајот за Македонија, рече дека земјата мора да ги исполни сите услови предвидени со Договорот од Пржино.

– Не сме надвор од домашната политичката криза без разлика на направените добри чекори во последно време. Лидерите сега имаат шанса да ја надминат кризата и да ги адресираат системските проблеми. Треба да се спроведат веродостојни избори. Македонија, како и Србија, играше голема улога во мигрантската криза и соработуваше со земјите членки и со соседските земји. Евопската комисија ја задржува препораката од минатата година, но ја услoвува со целосно спроведување на Договорот од Пржино и итните реформи приоритети – рече Хан.

Европратеникот Иво Вајгл рече дека „што се однесува до состојбата во Македонија, се зависи од изборите на 11 декември и од спроведувањето на Договорот од Пржино“.

Хан рече дека сите земји кандидатки за членки на ЕУ направиле значајни чекори, но дека сè уште има голем број реформи кои треба да ги имплементираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...