fbpx

„Студентски пленум“ се огради од Туфегџиќ, таа вели критиките се добредојдени

-

„Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница се огради од  „јавните и приватните ставови“ на Ивана Туфегџиќ, која го доби деветтото место на кандидатската листа на опозицијата во првата изборна единица.

„Во врска со написите што излегоа во медиумите дека како деветти кандидат во првата изборна единица во избирачката листа на СДСМ се јавува претставник на „Студентски пленум“, остро ги отфрламе како неточни. Заклучно, „Студентски пленум“ нема репрезент на претстојните избори, па граѓаните и граѓанките студенти што ги споделуваат принципите на „Студентски пленум“ единствено можат да придонесат преку активно вклучување во него“, стои во објавата на пленумот.

„Кандидатурата е голем чекор за мене, но и огромна одговорност пред секој што го познавам и што ме поддржува или не ме поддржува. Таа одговорност секојдневно ќе ја носам и ќе ја оправдувам“, напиша, пак, Туфегџиќ на својот фејсбук- профил по усвојувањето на пратеничките листи на вчерашниот конгрес на СДСМ.

Таа вели дека оваа битка ќе биде најважна. 

„Значењето на оваа битка, пак, не смее да ги замолчува критиките, напротив, критиките се и мора да бидат добредојдени, затоа што само така ќе стануваме подобри и ќе имаме шанса да се поправаме. Нè чека многу работа за победа и за враќање на нормалноста, она што толку многу време ни недостига“, напиша Туфегчиќ.

Инаку, Туфегџиќ беше една од најистурените членови на „Студентски пленум“ за време на големите студентски протести, есента пред две години.

Став за реакциите низ социјалните медиуми и медиумите побаравме и од професорот Ферид Мухиќ, кој, исто така, се најде на добитна позиција на листите на СДСМ, но за одговор нè замоли да почекаме до попладне.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...