fbpx

Централното собрание на ДПА ги утврди кандидатите за пратеници

-

Централното собрание на ДПА на денешниот состанок ги утврди кандидатите за пратеници за претстојните вонредни парламентарни избори, закажани за 11 декември годинава.

Носител на листата од оваа партија во првата изборна единица ќе биде Идриз Орана, изборната единица два ќе ја предводи Орхан Ибраими, во третата изборна единица носител ќе биде Самир Рушити, во петата изборна единица прв на листата на пратеници ќе биде Адријан Усеини.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, ќе биде носител на листата во шестата изборна единица.

Во четвртата изборна единица, ДПА нема да учествува на изборите со свои кандидати за пратеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...