fbpx

Волци задавија крава во Пробиштипско

-

Стоката на Ангел Василков од осоговското село Припор, синоќа, околу 19 часот, ја нападнале волци. Задавена е една од десетината крави, кои Василков ги водел низ шумата. Глутницата волци се стрчале кон кравата, која бегајќи завршила во дол. Стопанот потрчал и брзо го потерал стадото кон шталата. Плашејќи се за сопствениот живот, Василков не слегол во долот сè до утрото.

– Утрината, кога отидов таму, ја најдов само главата од кравата. Другото, сè беше изедено. И пред една недела ми снема теле, ама мислев дека некој ми го украл. Го барав, ама не го најдов. Сигурно го изел волк – раскажува Василков.

Сточарот бара организирана заштита од волците. Тој самиот нема со што да ја заштити стоката, па ни сопствениот живот.

– Немам вооружување, ама ако ме нападне, ќе се бранам со секира. Страв ми е, си кажувам. Синоќа многу ми беше страв. Стоката трча, јас викам, нема што да направам, сам тука што ќе направам – сведочи Василков.

Десетина крави и телиња во кочанското село Пресека пред три дена беа задавени од глутница волци. Сточарите во Осоговието сметаат дека е потребно сериозно решение, бидејќи хајките само ги протеруваат волците од еден крај на друг, по што тие напаѓаат ново стадо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...