fbpx

Дваесет и двајца загинати при уривање на четири згради во Кина

-

Најмалку 22 лица загинаа откако четири петкатници вчера се урнаа во Венжу, Источна Кина.
Полицијата соопшти дека шест лица се извлечени живи од под урнатините, меѓу кои е едно 12-годишно девојче.

– Детето преживеало само благодарение на тоа што нејзиниот татко со своето тело ѝ создал простор за живот – изјавил еден од спасувачите.

Како што јавуваат кинеските медиуми, објектите, кои биле изградени од камен и тоа уште во седумдесеттите години на минатиот век, биле во многу лоша состојба.

Повеќето од жртвите се странски работници и членови на нивните семејства, кои изнајмувале соби во овие згради.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...