fbpx

Јанева: Прецизно го слушав Милошоски затоа што неговиот глас е чест на снимките

-

Почна седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која пратениците веќе втор ден дискутираат за извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Прва говореше независната пратеничка Солза Грчева, која рече дека е изненадена од непознавањето на правото, политиката и на демократијата што го покажала Јанева во вчерашното излагање и одговарање на пратеничките прашања.

Збор зеде и пратеникот Горан Мицовски, кој рече дека не е изненаден од оркестрираните напади врз СЈО и врз Јанева, затоа што ова обвинителство е единствената институција што ВМРО-ДПМНЕ ја нема под своја контрола.

Пратеникот Антонио Милошоски ја праша Јанева на какви случаи работела досега во Основното јавно обвинителство во Гевгелија, односно дали имале случаи за организиран криминал и за злосторничко здружување.

На ова, Јанева му одговори дека неговите прашања попрецизно ги слушала затоа што неговиот глас често го слушала во прислушуваните разговори, а за нејзиното претходно искуство, Милошоски може да се обрати до обвинителот Марко Зврлевски, кој на Јанева ѝ бил шеф.

Седницата на комисијата сè уште е во тек.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...