fbpx

Албанските партии ќе настапат заедно на изборите во Црна Гора

-

Трите главни албански партии во Црна Гора ќе настапат во коалиција на парламентарните избори на 16 октомври.

Албанска алтернатива, Форца и Демократска унија на Албанците ја доставија изборната листа до црногорската државна изборна комисија.

Ник Ѓелошај, кој беше пратеник во досегашниот состав на парламентот, рече дека албанската коалиција ќе соработува со кое било парламентарно мнозинство што ќе ги почитува нивните барања.

– Повеќето од барањата постојат веќе 27 години, од времето кога беше воведен повеќепартискиот систем. Станува збор за создавање на општина Малесија, со целосни овластувања, како и зголемување на овластувањата во другите општини каде што живеат Албанци. Има и економски прашања, како што е законот за морски добра – рече Ѓелошај.

Тој не верува дека проруската опција има доволно поддршка во јавноста за да добие мнозинство и за да формира влада.

Коментирајќи ги изјавите на опозицијата, која вети дека ќе го повлече признавањето на Косово доколку дојде на власт, Ѓелошај рече дека тоа се популистички изјави.

– Независно Косово е реалност и неповратен процес – рече Ѓелошај, додавајќи дека проблемот со демаркацијата на границата меѓу Црна Гора и Косово треба да го реши меѓународен суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се...