понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: албански партии | 29 резултати

Рама: Платформата е напишана во Македонија, јас олеснував во комуникацијата

30 март 2017

Албанците ниту биле, ниту се, ниту ќе бидат проблем во Македонија, а обвинувањата околу т.н. „тиранска платформа“ се политичка игра, вели премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за порталот „Дијалог плус“ (dialogplus.ch), јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Рама во интервјуто додава дека Македонците многу добро знаат дека Албанците се конститутивен фактор во земјата, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се лаже ако мисли дека нови избори нема да сменат ништо

22 март 2017

Доколку Зоран Заев смета дека со прифаќањето на „тиранската платформа“ се подобрува рејтингот на СДСМ, нека излезе на избори и нека го провери тоа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидерот на СДСМ. „Ако навистина тој освои поголем број пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати волјата на народот. Доколку Заев смета дека теоретски […]

Данев: Последиците од реализирање на тиранската платформа ќе бидат несогледливи

20 март 2017

Мнозинството Македонци гласаа за програмата на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија и нивниот глас не смее да биде изманипулиран само за да се спаси Заев од одговорност, рече денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ. – Зоран Заев е свесен за последиците и затоа прифаќа секакви уцени, вклучувајќи и формирање влада по нотите […]

Охрид ноќеска преплавен со летоци против „сеалбанската платформа“

7 март 2017

Охрид ноќеска беше преплавен со пропагадни летоци од четири странички, со пораката „Не се согласуваш? Активирај се!“. Летокот е вметнуван во поштенските сандачиња во станбените згради, по домови, возила… На првата, насловна страница од летокот, стои текстот „Сеалбанска платформа, Тирана, 07.01.2017“. На внатрешните две страници, испишани се осум точки од платформата, со голема фотографија на албанскиот […]

ВМРО-ДПМНЕ: Единственото решение се нови предвремени парламентарни избори

6 март 2017

ВМРО-ДПМНЕ денеска, во редовното утринско соопштение, „цитира“ точки од платформата на Албанците кои, според партијата, „се прифатени од страна на Зоран Заев“. – „Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи во процесот за решавање на спорот со името“. „Вклучување на […]

Заев за ХРТ: Не очекувам насилства и судири

4 март 2017

Лидерот на СДСМ, Зорав Заев, во интервју за Хрватската државна телевизија (ХРТ) вели оти не верува дека ќе дојде до судири и до крвопролевања во земјава и дека ако тоа требало да се случи ќе се случело порано. – Тоа како страв постои и сите се плашиме од таа работа, но јас сум уверен дека […]

ДУИ: Иванов да ја промени одлуката, декларацијата не го крши Уставот

4 март 2017

„Заедничката изјава на парламентарните албански партии на Македонија претставува еден заеднички документ на албанските политички партии во Македонија, подготвен и потпишан во Скопје, како резиме на изборните програми на сите наши парламентарни партии и во никој случај не претставува наметнување на каков било надворешен фактор“, стои во соопштението на ДУИ по вчерашниот состанок на централното […]

Хашим Тачи: Иванов со одлуката ја закопа демократија, игнорирајќи ја волјата на народот

2 март 2017

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, на својот профил на „Фејсбук“, како реакција на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов вчера да не го додели мандатот за формирање влада, напиша дека политичките случувања во Македонија се вознемирувачки и дека Македонија го губи значењето на функционална држава без еднакви права на Албанците. „Развојот на политичките случувања во Македонија е […]

Ахмети: Платформата не ја загрозува унитарноста, граѓаните да бидат смирени

2 март 2017

Заедничката изјава на албанските парламентарни партии во Македонија е усогласена и напишана во Скопје и е врз основа на изборните програми на сите албански кандидати на изборите на 11 декември, напиша лидерот на ДУИ, Али Ахмети на „Фејсбук“. „Оваа платформа на ниту еден начин или форма не ја нарушува државата, унитарниот карактер ниту, пак, станува збор […]

Османи: ДУИ го осудува обидот политичката криза да се префрли на меѓуетничка основа

1 март 2017

ДУИ го осудува обидот, моменталната политичката криза да се префрли на меѓуетничка основа, изјави за „СДК“, портпаролот на партијата Бујар Османи, откако претседателот Ѓорге Иванов денеска не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да формира влада. – ДУИ го осудува обидот заедничката декларација на албанските партии во Македонија да се оквалификува како платформа […]

Беса: ДУИ не е достојна да свика средба на албанските партии

20 февруари 2017

Бучавата што се прави за заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии е за некои албански партии во Македонија да придобијат политички поени во пресрет на локалните избори, велат од Движењето Беса. Ставот на Беса е дека не прифаќа состанок кој е инициран од претседателот на ДУИ во Скопје. „Тие што беа главни виновници што на Беса […]

Албанските партии ќе формираат тело за Законот за употреба на јазиците

18 февруари 2017

Албанските парламентарни политички партии во рок од три дена ќе формираат тело кое ќе направи правилник за функционирањето на албанските политички партии и ќе состави предлог Закон за употреба на јазиците кој ќе ги задоволува потребите на Албациите. Ова се двата заклучоци кои ги донеле албанските политички партии денеска на средбата во хотел „Арка“, соопшти лидерот […]

БЕСА: Не учествуваме на состаноци кои не се во духот на заедничката декларација

18 февруари 2017

Движењето Беса преку соопштение информираше дека не гледа никаква обврска да учествува на состаноци кои не се во духот на заедничката декларација на албанските парти во Македонија. Од Беса велат дека средбата е само билатерален состанок помеѓу две албански партии во Македонија. „Движењето Беса стои на ставот дека и покрај тоа што некои политички експоненти […]

Без лидерот на Беса почна средбата на албанските партии

18 февруари 2017

Лидерите на албанските партии ја започнаа средбата во скопскиот хотел „Арка“. На средбата присутни се лидерите на партиите од коалицијата Алијанса на Албанците, Зијадин Села и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој пристигна заедно со Артан Груби. Лидерот на Беса, Билал Касами не се појави на средбата. Од Беса вчера рекоа дека тој не добил официјална […]

ВМРО-ДПМНЕ: Повторно преговарање за Рамковниот е отворање на Пандорината кутија

8 февруари 2017

Повторното преговарање за Охридскиот рамковен договор, што го заговара новата платформа на албанските партии, е отварање на Пандорината кутија поради што ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со ДУИ одби да преговара за платформата, било истакнато на средбата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и амбасадорката на Турција, Еркал Кара. Како што истакнале од ВМРО-ДПМНЕ на средбата, токму […]

Заев: Очекуваме Груевски да го врати мандатот и СДСМ да формира Влада

25 јануари 2017

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река. Заев го информирал албанскиот амбасадор за очекувањата на СДСМ за разврска на политичката криза, како и за очекувањата за соработка со албанските партии. – Очекуваме на 29 јануари Никола Груевски да го врати мандатот и СДСМ да биде партијата што ќе […]

Река: За Албанија е важно Албанците во Македонија да имаат максимални права

15 јануари 2017

Албанија има уставна обврска да се грижи за сите наши сонародници кои живеат надвор од територијата на земјата. Не се работи за мешање во внатрешните работи на Македонија, туку за консултации со политичките лидери на Албанците од Македонија, вели албанскиот амбасадор, Фатос Река, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. – Оваа платформа на политичките […]

Иванов му го даде мандатот на Груевски, тече рокот од 20 дена за формирање влада

9 јануари 2017

Од денеска почнува да тече рокот од 20 дена во кој мандатарот за составување на новата влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, треба да поднесе програма и предлог-состав на Владата до Собранието. Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, како што беше најавено, попладнево, дваесетина минути по 13 часот, на кратка свеченост во вилата на Водно му […]

Иванов денеска треба да го додели мандадот за премиер и за нова влада

9 јануари 2017

Денеска е последниот ден од десетте дена во кои претседателот на државата, Ѓорге Иванов, треба да го додели мандатот за формирање на новата влада „на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието“, по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември. „Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, […]

Расправа за името, знамето, химната и за грбот, побараа Ахмети, Касами и Села од новата влада

7 јануари 2017

Претставници на албанските политички партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, денеска ја промовираа „Заедничката платформа на албанските парламентарни партии во Македонија“ за, како што се наведува, „реализација во идниот владин мандат и/или во секој понатамошен мандат“. Платформата се состои од седум главни точки во кои, меѓу другото, се наведени и следните предлози, […]

Страна 1 од 2