fbpx

Делипетров: Не треба да се очекуваат посилни земјотреси

-

Професорот Тодор Делипетров, инженер-сеизмолог, специјалист за гео-физика од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, ги смирува граѓаните на Скопје и вели дека скопското епицентрално подрачје е плитко и тешко веројатно дека ќе има посилни земјотреси.

Според него, ефектите од потресот на површината се релативно бенигни.

– Паниката кај луѓето е оправдана. Сепак, земјотресот не би требало да предизвика сериозни промени на асеизмичките градби на кои се инсистира од земјотресот во 1963 година. Со тие стандарди, сигурно дека ваков земјотрес со магнитуда од 3,7 степени не би требало да предизвика уривање на згради, евентуално само пукнатини или оштетувања на доградби. Инаку, овој земјотрес, енергетски не е силен – смета Делипетров.

Тој вели дека погрешно е поврзувањето на поплавите со потресите и треба време водата да дојде во длабочина од 10-15 метри под земја. Делипетров тврди дека големите земјотреси се случуваат еднаш во 500 години.

– Да потсетам дека во 1963 година имавме поинакви градби од овие денешните асеизмички, градени без столбови. Сепак, бегање од земјотрес нема, но важно е да се знае како треба да се постапува внатре, во домовите, бидејќи најголемите повреди настануваат од внатрешниот распоред, односно од мебелот – заклучува Делипетров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Старо обраќање на Црвенковски од пред три години прикажано како ново пред изборите

Пред изборите кои се одржаа на 8 мај 2024 година, Црвенковски немал никакво обраќање ниту порака испратена до власта. Црвенковски испратил порака дека Македонија е корумпирана држава, но тоа не...