fbpx

Агенцијата за храна и ветеринарство не нашла стиропор во тортите во скопската слаткарница

-

Агенцијата за храна и ветеринарство не нашла стиропор во ниту една торта во позната скопска слаткарница во која извршиле инспекциски надзор, информираат од Агенцијата.

Инспекцискиот надзор бил спроведен по поднесена претставка од граѓанин, со наводи дека делови од торта биле направени од стиропор.

„Од страна на инспекциските служби ниту по направената контрола на готови торти кои имаат фигури на површината, не се најдени отстапувања, односно не е утврдено присуство на стиропор, ниту во тортите, ниту во фигурите. Во дел од тортите, констатирано е дека при производството се користени чепкалки и дрвени стапчиња за прицврстување на фигурите. За нив со контролата е утврдено дека станува збор за материјали што доаѓаат во контакт со храна, а за кои се доставени на увид и валидни мислења за материјали што доаѓаат во контакт со храна, кои се издадени од Агенцијата за храна и ветеринарство. Производителот на торти каде е спроведена контролата има обезбедено и соодветно означување на пакувањето на готовите производите со посебна нотификација „Фигурите на тортите не се за јадење“, информираа од Агенцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...