fbpx

„Авионската бомба“ во Цементара била оксигенска боца, соопшти ДЗС

-

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека „авионската бомба од 125 килограми“, за која пред повеќе од еден час информираа дека била пронајдена во близина на населбата Цементара, не била бомба, туку станувало збор за оксигенска боца.

„По извршеното ископување, утврдено е дека се работи за оксигенска боца од 1,5 метар. Нема понатамошна опасност во реонот каде што беше пронајдена боцата“, стои во соопштението на ДЗС.

Претходно од ДЗС соопштија дека авионски проектил од голем калибар бил пронајден при проширување на пат во близина на Припор, кај кружниот тек пред населбата Цементара. Местото подолго време беше обезбедувано од полицијата, а беа евакуирани вработени во две фирми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...