fbpx

СДСМ: По 143 години Македонија остана без редовните железнички меѓународни линии

-

По 143 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од овој месец, нашата земја остана без редовните меѓународни линии, обвини денеска Благој Бочварски од СДСМ на прес-конференција.

– Ова се случува поради реконструкција на пругата Ниш-Прешево, но македонските возови немаат никаква алтернатива за излез од државата. Железничкиот сообраќај е целосно парализиран, а „Македонски железници“ ќе се соочат со милионски загуби. Иако помпезно се најавуваше, за 10 години не се изгради ниту пругата кон Бугарија. Почната е само првата од трите делници, од Куманово до Бељаковце и се реализирани само 5 отсто од работите. Не се електрифицираше ниту пругата кон Косово, која во овој момент треба да биде алтернатива за излез на север. На југ не е изградена пругата кон Грција преку Битола. Беше ветено дека ќе се изгради до март 2016 година, но проектот доцни и до денеска е со реализација од само 30 отсто – рече Бочварски.

Тој додаде и дека приходите од товарниот превоз се намалени, од 30 милиони евра во 2007 година на 11 милиони евра во 2015 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...