сабота, 13 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: железнички сообраќај | 18 резултати

Студијата изработена, владата на потег за одлука за преструктурирање на железницата

3 јуни 2020

Италијанската консултантска куќа „Pricewaterhouse Coopers Advisory S.r.l“ ја изработи Студијата за бизнис сегментација на Железници на РСМ – Транспорт, во која се понудени моделите за идно преструктурирање на државното железничко транспортно претпријатие во земјава, потврдија за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Консултантите изработиле неколку сценарија за преструктурирање на Железница – Транспорт, но засега […]

ЕУ бара романските железници да ѝ ги вратат 570-те милиони евра помош

2 март 2020

Европската Комисија (ЕК) ѝ нареди на романската влада да си ги поврати назад 570 – те милиони евра помош дадени на државното железничко претпријатие за товарен сообраќај „CFR Marfa“, пишува бугарскиот медиум „Капитал“. Од ЕК сметаат дека станува збор за незаконска помош што ѝ е дадена на државната компанија во периодот од над една деценија […]

Железницата лани со мал пораст во товарниот превоз, реформите чекаат нова влада (инфографик)

1 март 2020

Железници на РСМ – Транспорт лани остварила минимален пораст на обемот на превезена стока во товарниот сообраќај, но каминскиот превоз и понатаму доминира во транспортот на стоки во нашата земја. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека со воз биле транспортирани 1.840.000 тони стока, додека со камиони во 2019 година биле превезени 69.395.000 тони. […]

Наместо да влече напред, железницата ја кочи економијата и транспортот (инфографик)

26 јануари 2020

Од сите земји низ кои минува железничкиот Коридор 10, Македонија во моментов е единствената што нема либерализиран железнички пазар, а со оневозможувањето на сообраќањето на приватни оператори по пругите, нашата земја е главен кочничар за развојот на овој паневропски коридор. Државата со години наназад ги одложува реформите во железничкиот систем, што доведува до огромни издатоци […]

За 2,5 пати е намален превозот на стоки со воз од 2008 година (инфографик)

12 март 2019

Македонски железници – Транспорт лани успеала да транспортира 1.668.000 тони стока во домашниот и меѓународниот железнички сообраќај. Превозот на стока со воз е зголемен за 7,1% во споредба со 2017 година, кога со товарни вагони биле превезени 1.557.000 тони стока. Сепак, ваквиот резултат во работењето е далеку од обемот на превезен товар од пред една […]

Во викендите повторно експресен воз Гевгелија – Солун

14 јануари 2018

Повторно е воспоставен патничкиот железнички сообраќај помеѓу Македонија и Грција, но само за викендите. Како што стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи, патничкиот железнички сообраќај со Грција, кој досега беше во прекин, вчера е обвновен, ќе се одвива само во текот на викендите. Во работните денови, од понеделник до петок, експресните возови од […]

МЖ: Исклучени патните премини на пругата Ѓорче Петров – Јагуновце поради кражби

13 април 2017

Јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“ од вчера ги исклучило од редовна работа патните премини на пругата Ѓорче Петров – Кичево, помеѓу станиците Ѓорче Петров и Јагуновце, поради зачестени кражби на делови од системот за обезбедување на премините. Од „МЖ – Инфраструктура“ велат дека зачестените кражби на витални делови од системот за осигурување на патните […]

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладне, а патничките – утре

2 март 2017

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладнево, во 16 часот, а од утре ќе се воспостави и патничкиот возен сообраќај, најави претставникот на машинскиот персонал во „Македонски железници – Транспорт“, Душко Чакароски. Вработените денеска се сретнале со в.д. директорот на „МЖ – Транспорт“, Игор Коруноски, и било договорено по вчерашната исплата на половина од јануарската плата, втората […]

Шести ден прекин на железничкиот сообраќај, вработените на штрајк

23 февруари 2017

Патничките и товарните возови во Македонија веќе шести ден не сообраќаат поради протестот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат исплата на јануарската плата. Вработените остануваат на ставот за целосна исплата на јануарската плата, а засега, како што соопштија, немаат најави за средба со раководството на „Македонски железници“. Министерството за транспорт и врски вчера соопшти […]

Владата ќе им помогне на „Македонски железници“ со 70 милиони денари

22 февруари 2017

Владата на последната седница донела одлука за зголемување на средствата во висина од околу 70 милиони денари на годишно ниво, директна помош за оперативното работење на „Македонски железници“, соопшти Министерство за транспорт и врски. Со одлуката, како што се наведува во соопштението, се овозможува да се подобри состојбата со која изминатиот период се соочува „МЖ Транспорт“ […]

Продолжува штрајкот на вработените во МЖ, железничкиот сообраќај петти ден во прекин

22 февруари 2017

Поради штрајкот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат целосна исплата на платата за јануари, железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин. Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат, а според организаторите на протестот, блокадата на железничкиот сообраќај ќе продолжи сè додека не се исполнат барањата на вработените во МЖ. Од […]

СДСМ: По 143 години Македонија остана без редовните железнички меѓународни линии

3 септември 2016

По 143 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од овој месец, нашата земја остана без редовните меѓународни линии, обвини денеска Благој Бочварски од СДСМ на прес-конференција. – Ова се случува поради реконструкција на пругата Ниш-Прешево, но македонските возови немаат никаква алтернатива за излез од државата. Железничкиот сообраќај е целосно парализиран, а „Македонски железници“ […]

Затворена пругата кај „Табановце“ поради истекување на плин од вагон-цистерна

25 мај 2016

Железничкиот сообраќај на граничниот премин „Табановце“ од утрово е во прекин поради истекување на плин од вагон-цистерна, информираат од МВР. Според полицијата, железничкиот сообраќај бил прекинат околу 4 часот, откако на преминот од Србија во земјава влегол воз со композиција од 16 вагони, од кои шест вагон-цистерни со плин, а од една од нив било […]

Патнички воз удрил во карпа на пруга на релација Битола – Скопје

29 декември 2015

Патнички воз, кој сообраќал на релација Битола – Скопје, утрово, околу 4.45 часот, удрил во карпа која била на пругата, информираат од МВР. Според полицијата, возот наишол на карпата на делот од пругата меѓу железничкото стојалиште Согле и железничкото стојалиште Теово. Во случајот нема повредени патници и возен персонал. Според МВР, карпата која се нашла […]

Страна 1 од 1