fbpx

Вечерва се отвора ликовната колонија „Дебрца – 2016“

-

Вечерва, од 20 часот, во селото Белчишта, седиштето на општина Дебрца, свечено ќе биде отворена ликовната колонија „Дебрца – 2016“.

Со 32-годишна традиција, колонијата е една од најстарите во Република Македонија.

Ликовно-уметничката колонија „Дебрца“ своите почетоци ги бележи од 1985 година и со текот на времето прераснува во интернационална.

На колонијата создавале еминентни уметници од целиот свет, кои зад себе оставиле неколку стотици уметнички творби кои денес се сопственост на колонијата, со една од најбогатите збирки во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...