fbpx

Груби: Иванов има две опции – да си оди или да си замине!

-

Нелегитимниот и еднопартиски претседател со секое свое појавување или дејствување само ѝ штети на Македонија и на нејзиниот имиџ пред меѓународната заедница и затоа тој треба час поскоро да избере една од двете опции што ги има на располагање: да си оди или да си замине!“, изјави пратеникот Артан Груби од ДУИ за „Мета“, како реакција на вечерашното обраќање на Ѓорге Иванов, во кое тој за кризата во земјата ги обвини опозицијата, ДУИ, СЈО, НВО и странските посредници.

Според Груби, со денешната изјава Иванов покажал дека ги брани интересите само на ВМРО-ДПМНЕ, а не на граѓаните.

– Неговата последна изјава ги потврдува нашите аргументи дека Иванов го брани интересите на само на партијата на која ѝ припаѓа и дека не го претставува интересите на сите граѓани, а најмалку на втората мнозинска заедница, Албанците. Лидерот Ахмети и ДУИ ја вратија Македонија од бездната и затоа Иванов, но и лидерите на македонските партии треба да бидат благодарни што не дозволивме земјата да стане заложник на нивните незрели конфронтирања за власт – вели Груби.

Единствен ризик кој ѝ се заканува на Македонија, според Груби, се политичарите кои целат кон власта, а не кон државата, без да избираат начини и средства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...