fbpx

Условна затворска казна за одговорните лица во ЈКП Тетово

-

Условна затворска казна од три месеци за одговорното лице на Јавното комунално претпријатие Тетово, одреди Основниот суд Тетово, откако минатиот месец Јавното обвинителство против ЈКП Тетово поднесе кривична пријава за загрозување на животната средина и на природата со отпад. Претпријатието се товари дека отпадот го депонира на претоварната станица, која не работи според стандарди.

– Се работи за отворен тип на претоварна станица, каде се одложува комуналниот отпад од градот и од приградските населби, а каде не постои никаква заштита од непријатниот мирис, прашина, расфрлување на отпадот под дејство на атмосферско влијание, ветар или слично, ниту, пак, постои заштита од наезда на глодари, животни скитници и од птици – стоеше во обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство Тетово.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово не сакаат да се произнесат со свој став во врска со условната затворска казна за делото, кое, според пресудата, не смеат да го повторат во рок од една година. Оттаму минатиот месец изјавија дека работат на решавање на проблемот со претоварната станица.

– Обезбедени се средства за изградба на затворен објект за претовар на комуналниот отпад. Објектот ќе биде по сите стандарди. Се чека Општина Тетово да најде локација каде ќе се гради станицата, која освен за одложување на сметот, ќе се користи и за рециклирање – изјави директорот на ЈКП Тетово, Џелал Цека.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...