fbpx

„Змиско око 2“ повторно на суд, Апелација вторпат ја укина пресудата

-

Апелацискиот суд Скопје вторпат ја укинал првостепената пресуда за случајот „Змиско око 2“ и го вратил предметот на повторно судење во Кривичниот суд, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1.

Одлуката Апелацискиот суд ја донел на седници одржани на 19 и на 22 февруари оваа година, кога биле разгледувани жалбите поднесени од 53 обвинети, како и жалбата на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Апелација ги уважила жалбите на обвинетите и делумно жалбата на Обвинителството.

„Постапувајќи по изјавените жалби, Апелацискиот суд одржал јавна седница на 19 февруари и на 22 февруари 2016 година, на која утврдил дека во првостепената пресуда нецелосно е утврдена фактичката состојба, односно дека обжалената пресуда во осудителниот и на ослободителниот дел од став 1, точка 1 и став 3 содржат недостатоци поради кои не може во целост да се провери нејзината правилност, а изреката на пресудата е недоволно јасна, заради што Апелацискиот суд ги уважил жалбите и предметот го врати на повторно судење со упатства да се отстранат недостатоците. Во однос на жалбата на Обвинителството за осудителниот дел од став 1 на пресудата, Апелацискиот суд сметал дека таа е беспредметна“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Полициската акцијата „Змиско око 2“ беше спроведена на средната на 2008 година, а во неа, како и во претходната „Змисоко око 1“, беа уапсени инкасатори, контролори и раководители од Јавното претпријатие „Македонија пат“ под сомневање дека здружени во група наплаќале патарина со фалсификувани сметки или воопшто не издавале сметки, а парите ги земале за себе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...