fbpx

Советот на Општина Тетово формираше претпријатие за стопанисување со спортски објекти

-

Мнозинството советници на Општина Тетово на денешната седница на Советот, изгласаа одлука за формирање јавно претпријатие за стопанисување со спортски објекти.

Новото претпријатие ќе стопанисува со стадионите во Тетово, спортскиот центар, а повремено и со спортските сали во зависност од договорите со основните и со средните училишта, кои управуваат со овие објекти.

На ваквата одлука се спротиставија советниците од ДПА и од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, неоснована е одлуката за формирање на вакво претпријатие кое, како што рекоа, само ќе ја празни општинската каса.

– Јас не ја разбирам одлуката за формирање на ова претпријатие, ако се има предвид дека со дел од овие спортски објекти сè уште концесионира приватна фирма. Оваа одлука нема никаков ефект, само ќе се трошат пари за плати и за придонеси на вработени од ова претпријатие – изјави Дурим Љума, советник од ДПА.

Од секторот за јавни дејности при Општина Тетово, објаснија дека новото претпријатие е формирано за подобро менаџирање на спортските објекти. Според секторот, салите со кои менаџираат училиштата ќе бидат искористени максимално и за време на годишните одмори на учениците.

На седницата беше изгласана и предлог-одлука за формирање координативно тело за следење на состојбата со загадувањето на воздухот на подрачјето на Општина Тетово.

Советот донесе одлука и за давање согласнот за продажба на имот на Јавното комунално претпријатие Тетово. Се работи за дел од имотот на претпријатието „Шик Јелак“, кој ЈКП Тетово го стекнало на основа на неплатени комунални сметки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...