fbpx

Мубарак ослободен од обвиненијата

-

Мубарак е ослободен од обвиненијата за корупција при набавувањето природен гас од Израел, како и од обвинението дека учествувал во масовното убиство на демонстранти за време на немирите, гласи дел од пресудата за поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак, во повтореното судење, четири години по неговото симнување од власт.

Според сè уште неофицијални информации, повлечени се и обвиненијата за убиства.

Поранешниот претседател на Египет беше обвинет дека со седуммина поранешни командири е вмешан во убиството на стотина демонстранти за време на протестите во 2011 година, но жалбениот совет првобитната доживотна казна ја поништи во 2012 година поради технички причини.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...