fbpx

Германија ги предупредува своите државјани да внимаваат што зборуваат во Турција

-

Германските власти ги предупредија своите граѓани да се воздржат од негативни коментари на сметка на Турција и на нејзината власт за време на посетата на оваа земја. Предупредувањето доаѓа по скандалот со сатиричната песна за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Германското министерство за надворешни работи денеска издаде специјална препорака за германските туристи во Турција, на кои им се советува да избегнуваат непромислени изјави за турските претставници, вклучувајќи го и Ердоган.

Препораките се објавени на официјалната страница на министерството за надворешни работи.
Во соопштението се истакнува дека препораките не се поврзани со неодамнешниот инцидент со сатиричната песна на сметка на Ердоган.

Во препораките, исто така, се предупредуваат германските туристи да не купуваат и да не увезуваат антиквитети (камења, фосили или предмети кои изгледаат старо), затоа што можат да потпаднат под дефиницијата „културно и природно наследство“ и како такви се сметаат за државна сопственост.
Извозот на антиквитети се казнува парично или со 10 години затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Македонија се спроведуваат демократски и непосредни избори, а не избори под окупација

Во Македонија од нејзината независност па до денес, се спроведуваат демократски, слободни и непосредни избори. Никој во Македонија не може да спроведува избори под окупација, бидејќи тоа е противуставно,...