fbpx

Пејковски: Судијата од „Ровер“ се меша во работењето на затворот

-

Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски, денеска преку соопштение реагира дека судијата што го води предметот за случајот „Ровер“, Илија Трпков, во кој еден од обвинетите е и Љубе Бошкоски, излегува од своите надлежности и „директно се меша во работењето на затворската управа“.

На денешото рочиште, судијата Трпков рече дека нема никакви законски пречки Бошкоски предвреме да биде пуштен од затворот „Идризово“ каде што ја издржува петгодишната казна на која е осуден за случајот „Кампања“.

Пејковски го прашува судијата зошто го одложил рочиштето за 22 април и издал наредба за задолжителен спровод на Бошкоски на закажаното рочиште.

„Судијата излегува од своите надлежности и директно се меша во работењето на затворската управа. Имено, по три години и шест месеци, зошто го одложува рочиштето за 22 април 2016 година и издава наредба за задолжителен спровод на Љубе Бошкоски на закажаното рочиште. Дали сум должен како граѓанин на Република Македонија и директор на јавна установа да почитувам судска наредба? Со сила и по моја волја ниту сум упатил некого на издржување казна затвор ниту, пак, можам да ослободам без решение од судовите на Република Македонија. Исто така, судијата треба да ја има предвид и практиката на Европскиот суд за човекови права, во согласност со која предвременото пуштање не е право на осуденикот за кое би бил надлежен судот да се произнесува туку се работи за можност во делот на третманот за време на издржувањето на казната затвор. Имено, Законот за извршување на санкциите децидно ја уредува надлежноста во делот на третманот на осудените лица кои издржуваат казна затвор“, стои во реакцијата на Пејковски.

Одбраната на Бошкоски уште во февруари годинава го испратила барањето до управата на затворот, тој да биде пуштен три месеци пред истекот на казната. Според одбраната, затворот го добил известувањето од судот дека Бошкоски може порано да излезе од затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...