fbpx

Британскиот весник „Индепендент“ од утре само во дигитално издание

-

Британскиот весник „Индепендент“ денеска го објави своето последно печатено издание, а од утре, триесет години стариот весник ќе биде достапен само во дигитална форма.

Новинарите на интернет објавија фотографија од тимот како тропа на маса, што е стара традиција кога заминува некој од колегите.

 


Во последниот уредувачки напис за печатеното издание де наведува дека „историјата ќе биде судија на нивниот храбар премин во дигитални медиуми и тоа ќе биде пример кој ќе го следат останатите весници ширум светот.000c0208-614

„Денеска пресите престанаа со работа, мастилото е суво и хартијата повеќе нема да се гужва, но како што се затвора едно поглавје, друго се отвора и духот на ’Индепендент’ и понатаму ќе биде достапен“ се наведува во уредувачкиот напис.

„Индепендент“ го основаа тројца поранешни новинари во 1986 година и стана познат по шарените насловни страници и големите фотографии.

Сопственикот на весникот, Евгениј Лебедев минатиот месец, за време на најавата за затворање на печатеното издание наведе дека новинарството целосно се сменило и оти и весниците исто така мора да се променат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...