fbpx

Коста Митровски, нов претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора

-

Претседателот на управниот одбор и извршен директор на „УНИ-банка“, Коста Митровски, е избран за нов претседател на Здружението на банкарството, информираат од Стопанска комора на Македонија.

Поради оставката на Ѓорѓи Јанчевски, поднесена заради неговото пензионирање од функцијата претседател на управниот одбор на „НЛБ Тутунска банка“, Здружението на банкарството одржа седница на која го избра новиот претседател.

Членови на Здружението се финансиските организации, сите банки, друштва за работа со хартии од вредност, лизинг-компании, штедилници, финансиски друштва, друштва за управување со инвестициски фондови.

Здружението има повеќе групации и комисии според секторите кои согласно својата проблематика и дејност постојано се среќаваат и соработуваат за донесување заеднички прифатливи решенија.

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија од 1 јули 2011 година стана придружен член на Европската банкарска федерација (www.ebf-fbe.eu) со седиште во Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...