fbpx

ЕУ-планот за враќање на бегалците би можел да стартува в недела

-

Планот за враќање на илегалните мигранти би можел да стапи на сила в недела, ако лидерите на ЕУ постигнат договор со премиерот на Турција, изјави висок официјален претставник на ЕУ.

Германската канцеларка Ангела Меркел, откако лидерите на ЕУ се согласија за заедничка позиција за планираното враќање на десетици илјадници мигранти во Турција, изјави дека преговорите со Анкара не се лесни. Таа вели дека земјите од ЕУ мора да се подготвени да почнат со брзо враќање на мигрантите од Грција во Турција, за да се избегне „факторот на привлекување“, пред да стапи на сила новиот систем.

Грчките власти велат дека им е потребна цела седмица за административни и за законски измени за правно да се исполнат условите од договорот, пред да почне иселувањето на мигрантите во Турција. Доколку примената на договорот почне в недела, тоа би значело дека луѓето што потоа ќе стигнат, ќе мора да бидат задржани на островите сè додека нивниот случај не биде правно решен.

Месецов приливот на мигранти бил 1.157 лица дневно, а во февруари тоа било околу 2.000.
Атина е загрижена поради сместувањето на голем број бегалци на малите острови, пред да почне масовното раселување.

Претставниците на ЕУ признале дека ако продолжи големиот прилив на мигранти во Грција, планот ќе биде неприменлив. Сиријците што не ја напуштиле Турција ќе имаат предност за легално населување во ЕУ пред тие што се обиделе илегално да стигнат во Турција.

За возврат ЕУ би ѝ осигурала на Турција голема финансиска помош, би го забрзала укинувањето на визите за турските државјани и би го забрзала отворањето на поглавјата од преговорите за влез во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...