fbpx

Австријците масовно го поддржуваат затворањето на балканската рута

-

Повеќето Австријци го поддржуваат затворањето на балканската рута за бегалци и го одобруваат остриот курс на австриската влада во бегалската криза.

Истражувањето на јавното мислење, спроведено по повод неодамнешното гостување на австрискиот канцелар Вернер Фајман на австриската државна телевизија, покажува дека дури 85 отсто од Австријците го сметаат за исправно затворањето на балканската рута.

Само 12 отсто сметаат дека затворањето на рутата преку Македонија, Србија, Хрватска и Словенија кон Австрија билo погрешна одлука.

Уште поубедлив е одговорот на Австријците на прашањето дали австриската влада треба и понатаму да ги спроведува националните мерки додека нема европско решение. Дури 86 отсто од Австријците ги поддржуваат националните мерки.

Исто така, 83 отсто од Австријците веруваат дека можно е 28 земји членки на ЕУ во следните недели да договорат заедничко решение за запирање на бранот бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...