понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Балканска рута | 16 резултати

Нухиу: Ако има нова бегалска криза, нашите капацитети нема да бидат доволни

февруари 8, 2017

Доколку мигрантската криза се повтори, ќе биде потребно повторно ангажирање на целокупните државни капацитети како и при првиот бран, а многу веројатно и ангажирање на дополнителни капацитети за спречување на илегалното преминување на државната граница на Република Македонија. Ова денеска го истакнал министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на Конференцијата на министрите за внатрешни работи […]

Курц: Затворањето на балканската рута беше правилен чекор

септември 28, 2016

Затворањето на балканската рута беше правилен чекор, изјави австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, пред одборот за надворешна политика на австрискиот парламент. Курц ги отфрли тврдењата на пратеничката од Зелените, Ален Корун, дека затворањето на балканската рута придонело за најголемиот товар да падне врз Грција и врз Италија. Тој, исто така, негираше дека официјална […]

Керн: ЕУ мора да се подготви за последиците од акумулацијата на бегалците на Балканот

септември 24, 2016

Земјите од балканската миграциска рута, од Грција до Германија, се согласуваат дека треба да се зајакнат контролите на надворешните граници на ЕУ, изјави денеска австрискиот канцелар, Кристијан Керн, по самитот во Виена. Керн на самиот ги собра колегите од Германија, Словенија, Хрватска, Србија Унгарија, Романија, Бугарија, Македонија, Грција и од Албанија. На состанокот учествуваа и […]

Туск: Мигрантската криза може да се реши само со соработка со Балканот

септември 24, 2016

Услов за решавање на мигрантската криза е тесна соработка на ЕУ со нејзините партнери на Балканот, порача денеска во Виена претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред почетокот на самитот „Мигрантската рута на Балканот“. – Уште од првите денови на миграциската криза, немав сомнеж дека клучот за решавањето на кризата е во враќањето на ефикасната […]

На 24 септември во Виена ќе се одржи самит за балканската рута на бегалците

септември 17, 2016

На 24 септември во Виена ќе се одржи самит за балканската рута на бегалците, на кој се повикани лидери на држави кои се најмногу погодени од мигрантската криза. Од австриската влада порачуваат дека е потребно по европскиот совет во Братислава да продолжат разговорите за важните прашања за иднината на Европската Унија, особено за мигрантите. На […]

Австријците масовно го поддржуваат затворањето на балканската рута

март 16, 2016

Повеќето Австријци го поддржуваат затворањето на балканската рута за бегалци и го одобруваат остриот курс на австриската влада во бегалската криза. Истражувањето на јавното мислење, спроведено по повод неодамнешното гостување на австрискиот канцелар Вернер Фајман на австриската државна телевизија, покажува дека дури 85 отсто од Австријците го сметаат за исправно затворањето на балканската рута. Само […]

Меркел нема да ја менува политиката на отворени врати за бегалците

март 14, 2016

Германската канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија има полза од затворањето на балканската рута за мигрантите кои се движат кон ЕУ, но оцени дека тоа не е трајно решение. Изјавата на Меркел доаѓа еден ден по лошите резултати на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) на изборите во три германски федерални покраини. – Јасно е дека […]

Микл-Лајтнер: На бегалците да им се каже дека балканската рута е затворена засекогаш

март 10, 2016

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер, денеска во Брисел рече дека на бегалците што се заглавени на грчко-македонската граница треба да им се соопшти дека нема шанси да ја минат. – Најчесно е на бегалците да им се каже дека не е можно веќе да се премине преку балканската маршрута. Таа е затворена. Најголем […]

ЕУ загрижена поради можната хуманитарна криза на балканската рута

февруари 23, 2016

ЕУ подготвува планови за да може да се соочи со можната хуманитарна криза на балканската миграциска рута поради воведените рестрикции. Во заедничката изјава, еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, и холандскиот министер за миграција, Клас Дијкхоф, изразиле загриженост поради состојбите на Балканот. Македонија забрани влез на мигранти од Авганистан, откако Австрија воведе нови контроли. Официјална Атина изрази […]

Спасовски: МВР месечно троши повеќе од еден милион евра за мигрантската криза

декември 18, 2015

Министерството за внатрешни работи месечно троши повеќе од еден милион евра за справување со масовниот прилив на мигранти, а и покрај донаторските конференции, одржани повеќепати, до денеска Македонија најголема помош и поддршка доби од Чешката Република, УНХЦР и од Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Ова, меѓу другото, го изјавил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, […]

МВР за „Мета“: Оградата двојно го намали протекот на мигранти

декември 11, 2015

По подигнувањето на жичената ограда на македонско-грчката граница кај Гевгелија, во земјава од Грција дневно во просек влегуваат 2.640 мигранти, што е двојно помалку од периодот претходно, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчера, според министерството, биле регистрирани и им биле издадени потврди на вкупно 3.784 мигранти, од кои најголем дел се […]

Македонските власти се најтаинствени околу парискиот бомбаш

ноември 17, 2015

Дали сирискиот државјанин Ахмед Алмухамед, за кого се претпоставува дека е еден од терористите во Париз, минал низ територијата на Македонија, е сè уште мистерија, за која молчат македонските власти. Грција и Србија уште вчера потврдија дека лице со тој идентитет, кое се движело по т.н. балканска бегалска рута, било регистрирано од нивните служби и […]

Страна 1 од 1