fbpx

Давутоглу: Досега се уапсени 11 лица поврзани со терористичкиот напад

-

Полицијата во Турција досега уапсила вкупно 11 лица кои биле поврзани со вчерашниот терористички напад во Анкара во кој загинаа 37 лица, а 120 се повредени.

Ахмет Давутоглу, премиерот на Турција изјави дека постојат многу сериозни податоци, според кои нападот е извршен од курдски бунтовници.

Тој потврди дека Турција извршила воздушни напади против кампови на Курдската работничка партија (ПКК) во северниот дел на Ирак, откако биле утврдени напаѓачите во Анкара.

Се уште никој не ја презел одговорноста за вчерашниот напад со автомобил –  бомба.

Давутоглу вети дека Турција ќе продолжи со борбата против бунтовниците.

Како што изјави премиерот на Турција, досега идентификувани се 34 од жртвите во вчерашниот напад, а продолжуваат ДНК анализите на двајцата наводи извршители на нападот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...