fbpx

Викторија Нуланд во посета на бегалските кампови во Грција

-

Заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, денеска е во посета на бегалскиот камп Идомени на македонско-грчката граница. По посетата на Идомени, Нуланд ќе замине во прифатниот центар во Диавата, во близина на Солун, каде во моментов има околу 2.000 бегалци.

Според информациите, заменичката на државниот секретар нема да даде никакви изјави за медиумите.

Грчките медиуми пренесуваат дека следната станица на Нуланд ќе биде Атина, каде можно е да има средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, а неофицијално била побарана и средба со премиерот Алексис Ципрас.

Од грчкото министерство за надворешни работи засега нема никаква информација или потврда за можна средба меѓу Коѕиас и Нуланд.

Во официјалното соопштение од американскиот Стејт департмент за посетата на Нуланд се наведува дека таа ќе се сретне со високи владини претставници за да разговара за билатерални и за прашања од регионален интерес, како миграциското прашање и бегалската криза.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека Украина нема црква

Во Украина 72 проценти од населението се декларира како православно, но после руската воена инвазија врз Украина, се појави анимозитет меѓу верниците кои припаѓаат на различни православни цркви. Едната...