ОН: Дури 34 земји во светот немаат храна за своите жители

-

Агенцијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) соопшти дека 34 земји во светот, од кои 80 отсто се во Африка, немаат доволно храна за жителите поради воените судири, суши и поплави.

Според извештајот на оваа агенција, воените судири во Ирак, Сирија, Јемен, Сомалија и во Централноафриканската Република имале погубни последици по земјоделското производство, со што дополнително е влошена хуманитарната криза во тие земји.

Тие судири негативно влијаеле и на ситуацијата во соседните земји, каде што прибежиште нашле многу бегалци, исцрпувајќи ги нивните прехранбени можности.

Како причина за намалување на земјоделските приноси, се наведуваат сушите.

Според проценките на агенцијата, годинава приносот на житни култури во светот изнесува 723 милиони тони, што е за 10 милиони помалку од рекордниот принос во 2015 година.

 

Ако живеете во изнајмен стан, синдикалната кошница достигнува до 80.000 денари месечно

Трошоците за живот во Македонија продолжуваат да растат – според последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство во мај изнесува 63.908...

Уставниот суд ги укина измените на Изборниот законик што ги ограничуваа независните кандидати

Со мнозинство гласови, Уставниот суд на Република Северна Македонија донесе одлука за укинување на членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, оценувајќи дека со нив...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Ако живеете во изнајмен стан, синдикалната кошница достигнува до 80.000 денари месечно

Трошоците за живот во Македонија продолжуваат да растат – според последните пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), вредноста на синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство во мај...