fbpx

Чешка е подготвена да преземе бегалци директно од Турција

-

Чешка е подготвена да преземе бегалци директно од Турција и така да исполни дел од квотата од 4.800 бегалци, со што ќе го исполни претходно договореното прераспределување бегалци во земјите на ЕУ.

– Тоа не се нови квоти, никаков нов систем, туку едноставно ќе се искористат постојните обврски. Едноставно, наместо да земеме 20 или 30 Сиријци од Грција, ќе земеме 20 или 30 Сиријци од Турција. Тоа е единствената разлика – рече чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

Чешкиот премиер изрази надеж дека најновиот план, кој допрва треба да биде усвоен на самитот на ЕУ на 17 март, ќе го сопре бегалскиот бран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални...