fbpx

СДСМ: Меѓународната заедница го потврди тоа што ние цело време го говоревме

-

Меѓународната заедница денеска го потврди тоа што СДСМ го говори цело време, дека на 24 април нема услови за слободни, фер и демократски избори, реагираат од СДСМ на заедничката изјава на амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

„Денеска Никола Груевски не собра храброст да се соочи со вистината дека нема услови за фер и демократски избори. Оцената на Европската унија и на САД дека во овој момент потребните услови за организирање веродостојни избори на 24 април не се исполнети и констатацијата дека сè уште не е постигнат договор за реформи на медиумите е директна потврда на она што граѓаните веќе го знаат. Не се создадени услови за фер избори на 24 април, сè додека не се прочисти избирачкиот список и нема реформи во медиумите. Уште еднаш се покажа, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се единствените кои од самиот почеток го кочеа процесот на имплементација на Договорот од Пржино“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека граѓаните сега со право очекуваат да се исполнат сите услови за фер и демократски избори преку прочистување на избирачкиот список и преку регулација на медиумите. Од СДСМ додаваат дека правото на слободни избори и демократски изразеното право на глас на секој граѓанин мора да биде обезбедено и гарантирано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...