fbpx

Иванов: Статус кво состојбата во евроатлантските интеграции не смее да продолжи

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс.

На средбата било разговарано за билатералните односи, интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО, како и за актуелните состојби со мигрантската криза.

– Република Македонија останува посветена на заложбата за почеток на пристапни преговори со ЕУ и за зачленување во НАТО, како највисок стратешки приоритет, порачувајќи дека статус кво состојбата не смее да продолжи – рече Иванов.

Во контекст на мигрантската криза, претседателот рекол дека земјата се залага за сеопфатно европско решение, за заеднички критериуми за редуцирање на нелегалниот наплив на мигранти, за намалување на безбедносните ризици и за промена на законите за заштита на ‎границите.

– Република Македонија одговорно ги спроведува заклучоците на Европскиот совет во поглед на регистрацијата ‎на мигрантите и на бегалците во согласност со европските стандарди‎‎ и го потврдува ставот дека Република Македонија останува транзитна земја за мигрантите – рече Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...