fbpx

До крајот на неделава ќе почне прочистувањето на избирачкиот список

-

До крајот на неделава или најдоцна до понеделник ќе почне прочистувањето на избирачкиот список, дознава „Мета“. Извори од Државната изборна комисија (ДИК) велат „подготовките се при крај и во наредните денови ќе почне проверката“.

Членовите на ДИК минатата недела усвоија одлука при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 10 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи (УЈП), Народна банка, Агенцијата за катастар, Министреството за труд и социјална политика и други.

На 2 февруари, ДИК  го усвои правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и за бришење податоци во избирачкиот список.

Оттаму соопштија дека на седницата е усвоена и постапката за спроведување теренска проверка за ажурирање на избирачкиот список, како и правилникот за методологија за водење и за ажурирање на избирачкиот список, која се темели на проверки и на статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи за проверка.

Според оваа методологија, избирачкиот список ќе се ревидира во неколку фази. Постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори. Во наредната фаза ќе се прави вкрстено споредување на базите на податоци од 10 институции. Во третата фаза ќе се врши теренска проверка на местата каде што податоците нема да се совпаѓаат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...