fbpx

СДСМ: Груевски е лицемер и нема легитимитет да зборува за младите

-

Опозицискиот СДСМ реагираше на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пред младите во Младинскиот културен центар.

– Сите ветувања кои лажно ги ветуваш за младите се од функција на политички маргиналец, на залезот од својата кариера. Те чека соочување со одговорноста за тоа што им украде 10 години живот на младите. Лагите не поминуваат повеќе. Ниту пропагандата на твоите медиуми платена со 20 милиони евра, пари на граѓаните – се вели во соопштението на СДСМ.

Во него се вели и дека „поради Никола Груевски Македонија е рекордер по бројот на магистри и на дипломирани млади луѓе кои ја напуштија сопствената земја“.

– Лицемерие е тоа што Никола Груевски ја спомнува библиотеката „Браќа Миладиновци“, во чија читална лично тој направи упад – додаваат од СДСМ.

Оттаму потстетуваат дека за овие 10 години од државата се иселиле 626.312 граѓани, пред сè, млади образовани луѓе и надвор се вработиле како келнери, камионџии, хигиеничари.

Опозицискиот СДСМ се осврнува и на проблемот со „руинираните студентски домови со бубачки во храната за студентите“.

– Лицемерниот Никола Груевски нема легитимитет да зборува за младите – стои во соопштението.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...