fbpx

Македонија, Австрија, Хрватска, Србија и Словенија утре ќе се договараат за мигрантите

-

Директорите на полициите на Австрија, Хрватска, Словенија и на Србија утре доаѓаат во земјава на состанок со директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Горанче Савовски, на кој главна тема ќе бидат актуелните состојби околу мигрантската криза.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи (МВР), на средбата ќе присуствува и државниот секретар за внатрешни работи, Анастасија Илиеска.

По состанокот кој е закажан за утре во 9 часот, директорите на полициите ќе дадат заедничка изјава за медиумите.

Од МВР не соопштуваат дали на средбата ќе бидат договорени нови мерки и механизми околу регулирањето на протекот на мигранти низ земјите од т.н. балканска рута.

Извори на „Мета“ неофицијално велат дека станува збор за координација на полициите на петте земји околу подготовките што Европската унија ги презема во пресрет на бегалскиот бран што се очекува пролетва и за кој се прогнозира дека ќе има сериозни размери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...