fbpx

Јанева денеска на сослушување во Советот на јавни обвинители

-

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска во 11 часот треба да се појави пред Советот на јавни обвинители и да даде одговор на прашањата за работата на нејзиниот тим што деновиве предизвикаа интерес во јавноста.

Јанева, според најавите, треба да даде свое појаснување во враска со разрешувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим, Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева, а можно е да стане збор и за кривичните пријави поднесени против тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство.

Двете обвинителки минатата недела дадоа изјави пред тричлената комисија на Советот, која треба да го расчисти случајот, а Кадриу по сослушувањето рече дека само Јанева знае зошто тие се отстранети од тимот.

Од кабинетот на Јанева, пак, велат дека обвинителките се разрешени поради обемот на работа, за кој на Специјалното јавно обвинителство му биле потребни 10 обвинители.

Скопското јавно обвинителство викендов потврди дека е поднесена кривична пријава против тројца обвинители од Специјалното јавно обвинителство и против неколку непознати лица за малтретирање при вршење на службата, кривично дело казниво по член 143 од Кривичниот закон.

Од Специјалното јавно обвинителство за медиумите соопштија дека за кривичните пријави дознале токму од медиумите и дека се сомневаат оти некој се обидува да им наштети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...