fbpx

ДИК за вечерва закажа седница

-

Државната изборна комисија (ДИК) за доцна попландево ја закажа седмата седница. На седницата, членовите на ДИК ќе расправаат по четири точки.

„Државната изборна комисија, денеска, 21 јануари 2016 година, во 17.45 часот, во салата за состаноци ќе ја оддржи седмата седница со следниот дневен ред: предлог-извештај на Државната изборна комисија за преземените работи во согласност со член 153-а од Изборниот законик; предлог-одлука за усвојување на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2016 година на Државната изборна комисија – буџетска програма 20; предлог-процедура за користење и за обработка на лични податоци при вршење вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденција; предлог-меморандум за соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје“, стои во најавата за седницата на ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...