fbpx

ЕУ во паника – откриен птичји грип кај две диви патки

-

Европска Унија е загрижена поради можната епидемија на птичји грип, откако во Германија откри две диви патки заразени со вирусот H5N8.

Вирусот кон почетокот на месецов беше откриен на живинарска фарма во Германија, а подоцна беше откриен и на фарми во Холандија и во Велика Британија.

Германските власти велат дека првиот случај на заразени диви птици го засилува сомнежот дека изворот на вирусот во Европа е во популацијата диви птици.

– Сега мора да разговараме за епидемија на ниво на цела Европа – изјави Тил Бакхаус, министер за земјоделство во сојузната германска држава Мекленбург, Западна Померанија, каде се пронајдени заразените диви птици.

Бакхаус побара живинарските фарми да не ги држат птиците на отворено за да се избегне контактот со диви птици.

Месецов во Европа се убиени повеќе од 200.000 патки, мисирки и кокошки. Не е познато како вирусот дошол во Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...