fbpx

Уништено сето хемиско оружје што го пријавила Сирија

-

Хемиското оружје што Сирија го пријави во 2013 година е целосно уништено, соопшти денеска портпаролот на Организацијата за забрана на хемиското оружје со седиште во Хаг, Малик Елахи.

Последните 75 канистери флуроводород, како што соопшти Елахи, неодамна се уништени во американската сојузна држава Тексас.

По нападот со гасот сарин во август 2013 година, властите во Дамаск се согласија да го уништат своето хемиско оружје.

Во претходните извештаи на организацијата се наведуваше дека постои голема веројатност дека хлор е користен во нападите на три сириски села во април 2014 година, но не се знае која од завојуваните страни е одговорна за тоа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двојно зголемени сајбер нападите од Русија и од Кина во Германија

Германското дигитално здружение Битком соопшти дека забележани се зголемен број сајбер напади од Кина и од Русија, пренесува германската новинска агенција дпа. „Во рок од две години, измерено е двојно...