fbpx

МНР: Посетата на Ахмети на Атина е партиска, а не владина

-

Лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, вицепремиерот за Рамковен договор, Муса Џафери, и вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, на средбата со шефот на грчката дипломатија не одат во својство на владини претставници, соопштија за „Мета“ од македонското Министерство за надворешни работи.

Од МНР велат дека станува збор за партиска средба и оти владиниот коалициски партнер не се координирал со нив во врска со темите за разговорите.

Шефот на кабинетот на лидерот ДУИ, Артан Груби, кој исто така ќе патува за Атина, одби да даде одговор на чија иницијатива ќе се одржи средбата. На сите прашања тој вели дека „сè што треба да се знае, го има во соопштението на ДУИ“.

Од грчкото министерство за надворешни работи засега нема дополнителни информации за средбата в петок и за тоа која ќе биде темата на разговори меѓу Ахмети и Коѕиас, која доаѓа само неколку недели по посетата на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во Атина.

Ова ќе биде втора тет-а-тет средба меѓу Ахмети и Коѕиас, кои се сретнаа и разговараа во грчката Канцеларија за врски во Скопје при јунската посета на грчкиот министер за надворешни работи и неговите средби со македонските политичари.

За Ахмети имаше официјална средба во грчкото МНР и во 2013 година со тогашниот шеф на дипломатијата, Евангелос Венизелос. Пред минатомесечната посета на Попоски на Атина, грчките функционери имаа официјални средби само со функционери од албанскиот блок, односно со Фатмир Бесими и со Теута Арифи, кои беа министри за евроинтеграции. Грчките коментари во тој период беа дека македонската влада не покажува волја за решение и бараат соговорник со кој ќе имаат конструктивен дијалог за да се дојде до компромисно решение за името.

Посетата на Ахмети доаѓа во време кога грчките медиуми засилено пишуваат дека грчките дипломати се надеваат на можност за решение за името за време на привремената влада во Македонија.

Весникот „Катимерини“ пред неколку дена излезе со коментар дека доколку името се реши додека Никола Груевски не е премиер, а тој потоа победи на изборите, би требало да го прифати овој предлог без лично да сноси одговорност за самиот потег.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...