fbpx

Закани со пиштол во училиште во тетовско Камењане

-

Петнаесетгодишно момче од тетовско Камењане во основното училиште во ова село со огнено оружје им се заканувал на тројца ученици од селото Пирок.

Помеѓу малолетниците вчера попладне, најпрвин почнала вербална расправија во дворот на училиштето. Расправијата во еден момент кулминирала, по што тројцата ученици влегле во училишниот објект.

Во објектот, исто така, влегол и 15-годишникот, кој од појасот извадил пиштол, го репетирал, го вперил кон тројцата ученици од Пирок и им се заканил, а потоа заминал.

Набргу, во близина на селските гробишта во Камењане, 15-годишниот малолетник, кој не бил ученик во тоа училиште, пронајден е и во присуство на родител повикан е во Секторот за внатрешни работи Тетово.

При тоа, одземен му е гасен пиштол „екол“ без рамка и без куршуми и по целосното расчистување на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...