fbpx

Македонците може да користат бесплатно здравство во Словачка

-

На 1 декември 2015 година стапи на сила договорот меѓу Македонија и Словачка за социјално осигурувањ. Врз основа на овој договор, осигурените лица за време на привремен или постојан престој на територија на другата држава, можат да користат бесплатни здравствени услуги, информираат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

– На основа на европската картичка за здравствено осигурување, осигурените лица на Словачка ќе можат да користат итни и неопходни здравствени услуги директно во сите здравствени установи што имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Македонските државјани, пак, кога ќе патуваат или ќе бидат на престој во Словачка, ќе можат врз основа на довјазичниот образец да користат здравствени услуги за итни и неопходни случаи – велат од Фондот.

Европската картичка за здравствено осигурување (European Health Insurance Card, EHIC) во земјите членки на Европската унија се воведе во јуни 2004 година како документ кој го замени дотогаш постоечкиот образец за привремен престој Е 111.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија има потпишано договор за користење на европската картичка за здравствено осигурување на територијата на Македонија со Словенија, Чешка, Германија, Бугарија, Луксембург, Белгија, Холандија и со Австрија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...