fbpx

Денес ќе се одлучува дали ќе има судење за Диво Насеље

-

Денес  во 11 часот, во Основниот суд Скопје 1, ќе се одржи јавна седница за „оценување на обвинителниот акт“ за Диво Насеље.

Обвинителот што го има преземено случајот треба да го претстави обвинителниот акт пред Советот на судии, кои ќе треба да одлучат дали има или нема основа случајот да оди на главна расправа.

Свое видување за обвинителниот акт треба да дадат и адвокатите на обвинетите.

Се очекува мерките на безбедност да бидат на највисоко ниво. Нема да биде дозволено да се паркираат возила околу судовите и ќе има зголемено присуство на полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.